Невреме во четврток и петок

0
1856

Предупредување од УХМР . Невреме во четврток и петок .Силни грмотевиции и ветер до 90 километри на час . Од четврток попладне и во петок повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.

На веб страната на УХМР стои дека во четврток претпладне времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност и потопло, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и умерен дозасилен северен ветер. Во вечерните часови процесите ќе биодат изразени во форма на невреме УВ индексот ќе биде 8 а минималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 22 степени а максималната од 28 до 36. Во петок според информаци8итѕе на ухмр ќе биде променливо облачно, ветровито и посвежо со локални врнежи од дожд и појава на грмежи.Ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне брзина од над 90 километри на час. И ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот. УВ индексот ќе биде 7 а минималната температура ќе се движи од 14 до 19 а максималната од 21 до 27 степени. За сабота на веб страната на УХМР пишува дека ќе имаме сончево и свежо време со мала доумерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер УВ Индексот ќе биде 7 минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 16 а максималната дневна од 18 до 25 степени.