Невреме во Германија, седум лица загинаа

0
253

Најмалку седуммина загинаа, а десетина други се повредени во невремето Ксавиер, што денеска ги погоди северните и источните делови на Германија, уривајќи дрва и предизвикувајќи прекини на сообраќајот.

Според германските власти, три лица загинале во сојузната покраина Бранденбург, а по едно во Мекленбург-Долна Померанија и во градовите Берлин и Хамбург.

Поради силниот ветер во реонот на Берлин, кој дувал со јачина и до 120 километри на час, беа откажани повеќе летови од берлинските аеродроми Тегел и Шенефелд. Исто така, откажани беа и неколку меѓународни летови од аеродромите во Бремен и Хановер.

Без коментари