Невреме во Македонија

0
695

Земјата беше зафатена од силно невреме, наместа проследено со силен ветер, грмежи и град. Во Скопје вечерва имаше интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.

Нестабилна облачност беше регистрирана и во југозападниот дел од државата, а зафатени беа и Охридско-Струшкиот и Дебарскиот регион. Невремето во Тетово оштети три возила врз кои паднале дрва, цигли и метален плех. Нестабилно време со поројни врнежи и грмежи се очекуваат  и во текот на ноќта, како и во текот на утрешниот ден.

Пороен дожд, силен ветер, електрични празнења, попладнево и во Велешкиот регион, а во Прилеп, градот зад себе остави уништени тутунски посеви.

Вечерва, на магистралниот пат Скопје – Долно Блаце кај местото Вражји Вир сообраќајот се одвиваше по една сообраќајна лента поради одрони на камења на неколку места.

Пет патнички моторни возила од кои четири во Тетово и едно во Гостивар се оштетени како последица на невремето проследено со силен ветер и пороен дожд што доцна попладнево го зафати полошкиот регион, информира СВР Тетово.

Без коментари