Невреме во Штип, малку дожд во Битола

0
1683
Според УХМР Македонија вчера беше зафатена од краткотрајно невреме проследено со дожд, грмежи и засилен ветер.
Најмногу дожд наврна во Штип – 21 литри на метар квадратен, 14 во Крива Паланка, по 13л/м2 во Крушево, Охрид, 12 во Берово, 9 во Скопје –Зајчев Рид и Прилеп.
Нејмалку врнежи имаше во Пожаране, Маврово, Демир Капија, Гевгелија и Дојран по 1 л/м2.
Врнежи имаше и во Претор (8), Тополчани (7), Куманово, Битола (6), Виница, Лазарополе (5), Кавадарци (4), Тетово, Пожар, Дебар (3) и во Струмица 2 во л/м2.