Невреме во Скопје и Тетово

0
1038

Скопје попладнево е зафатено од силно невреме, врне силен дожд, проследен со силни грмотевици и силен ветар.

13935015_10209453044699026_2339817131070734830_n

Град Скопје апелира до граѓаните да останат во нивните домови и да не излегуваат со возила се додека не престане невремето и не се создадат услови за нормално одвивање на сообраќајот.

13872684_1060272414058832_729072163570518231_n

Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен информира дека зафатени беа селото Бродец и село Шипковица. Патот меѓу двете села е отсечен во должина од 200 метри и оштетен во должина од десет метри. Вработените на дирекцијата за заштита и спасување започнаа активности за координирање и процена на настанатата состојба за итно организирано решавање на истата.

Дирекцијата за заштита и спасување, продолжува да ја следи состојбата на теренот и за секоја нова настаната состојба во континуитет ќе ја известува јавноста.

PST-SIPKOVICA-BRODEC

Врнежи во западниот регион се можни и во текот на вечерта, а локално и во ноќните часови.

Од денеска попладне до понеделник, според синоптичарите ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во целата земја.