Невреме во Словенија, поплави, одрони и оштетени патишта

0
675

Големо невреме, понекаде проследено со град, ги зафати во понеделник попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта ќе се прошири и на останатите делови на земјата.
Државната управа за заштита и спасување јавува за поплави, одрони на земја и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор биле поплавени некои подвозници и паѓал град.

Надлежните служби најавуваат во текот на ноќта силни локални бури со дожд и удари на ветер, а во некои делови и град.

Возачите се предупредени во случај на пороен дожд или град, да не запираат под мостовите или во тунелите, бидејќи таму најчесто доаѓа до налети на автомобили и несреќи. /крај/он/ст