Невремето причина за авионската несреќа во Русија

0
453

Лошите временски услови се најверојатната причина за уривањето на авионот во рускиот град Ростов, при што загинаа сите 62-ца патници и екипажот. Фактот што авионот со часови летал над реонот, кажува дека имало силен ветер, велат експертите. Реонот бил зафатен од снег и силен ветер, поради што пилотот ја промашил пистата и се забил 150 метри пред неа. Станува нејасно дали леталото немало доволно керозин, па затоа пилотот упорно се обидувал да слета, наместо да продолжи кон најблискиот аердром во Краснодар оддалечен 250 километри, како што направиле и други авиони кои исто така имале проблем со видливоста. Авион од Истанбул дури се вратил назад на аеродромот од каде што полетал. Меѓутоа, како што велат експертите, одлуката за слетување ја носат пилотите. Одговор на прашањата ќе дадат, црните кутии кои се доставени на анализа за дешифрирање на податоците.  Во авионот патувале главно туристи кои се враќале од одмор од Арапските Емирати. Меѓу загинатите се 44-Руски државјани, осуммина Украинци, двајца Индијци и еден Узбекистанец, додека од членовите на екипажот четворица биле државјани на Обединетите Арапски Емирати, двајца Шпанци и еден Русин.

Без коментари

LEAVE A REPLY