Невремето во Скопје остави пустош зад себе

0
656

Невремето во Скопје остави пустош зад себе, а последиците се уште се санираат. Најпогодени беа жителите од скопското село Стајковци, како и жителите на Сингелиќ, Лисиче, Автокоманда.

CpNGzdDWAAAH7wo-768x576

Граѓани од повеќе делови на градот беа заглавени во нивните возила и панично јавуваа дека водата им навлегува во автомобилите, па на терен беа испратени специјалците на МВР за да ги извлечат.

13879325_10209991287839647_2175738235675749253_n-768x432

Во куќите во Стајковци имаше и по два метри вода, а ноќта беа испратени и шест тима на единицата Волци од АРМ. Беа заглавени и стотици возила, бидејќи од силниот дожд имаше многу одрони на улиците.

Делови од Скопје и околината со часови беа без струја, а и утрово на местата каде што не се отстранети дефектите, граѓаните се без електрична енергија повеќе од 10, 12 часа.

Граѓаните на твитер објавуваа критични места и споделуваа апели за помош. Беше направена и мапа за проодни и непроодни места, поплавени надвозници, мостови, за да може граѓаните полесно да се снаоѓаат по улиците и да бидат информирани каде не можат да поминат со возилата.