Невремето во Скопје, сликано од Нерези

0
5739

Скопје, фотографирано од Нерези…
( фотографија на  Зоран Милковски)

Попладнево во Скопско имавме појава која поретко сме имале можност да ја фатиме на фотографија, но секако се случувала.
Се работи за невреме кое се “развивало вообичаено” и во облакот имало вообичаени струи кои држат на висина многу големи количества вода и зрна од лед.
Облакот се спушти од северниот дел на котлината низ планината и веројатно е дека во тоа движење се пореметуваат вертикалните нагорни движења.
Така дошло до брзо пропаѓање на многу големи количества на вода кои ги следи и брзо пропаѓање на воздух кој се шири на сите страни во вид на ветер кој нанесува штети.
Поради пропаѓање на огромен материјал надолу, на оваа појава може да се гледа како еден вид “обратно торнадо” без да му се дава сензација на поимот торнадо (торнадо не се случувал во Македонија).

Вака на својот Фејсбук профил појаснува Борис Секирарски од Управата за хидрометеоролошки работи.