New York Gypsy all stars ја воодушевија битолската публика

0
1545

Исмаил Лумановски и неговиот ЊУЈОРК ЏИПСИ ОЛ СТАРС,

во рамките на актуелната балканска турнеја на која го промовираат вториот албум, одржаа концерт во Центарот за култура во Битола.

Њујорк тајмс за Исмаил пишува- брилијантен и бестрашен млад инструменталист. И, кога сме веќе кај цитатите, за неговите, пак, ЊУЈОРК ЏИПСИ ОЛ СТАРС, една од формациите со кои настапува по светот, во влијателниот магазин „Сонг лајнс“, меѓу другото, ќе биде речено дека „станува збор за одличен млад бенд предводен од огнениот македонски кларинетист Исмаил Лумановски со прекрасниот Тамер Пинарбаси на канон“.

Исмаил битолската публика го слушна со Дуке Бојаџиев и во „Шербет Љубојна“.

– Нaшата музика е интернационална и блиска до многу различни нации,а сите ја чувствуваат на ист начин-истакна Лумановски за интервјуто за Тера телевизија.