New York Gypsy All Stars со концерт во Битола

0
298

Бендот со светско реноме – New York Gypsy All Stars , во кој членуваат музичари од Македонија, Грција, Турција и САД, денес ќе одржи концерт во Битола.

Организаторот и домаќин на атрактивниот музичкиот настан во овој град, НУ. Центар за култура-Битола, соопшти дека за гостувањето на музичарите, меѓу кои е и светски познатиот кларинетист од Битола, Исмаил Лумановски, владее голем интерес и љубопитност.

Ние го покриваме Балканот мелодично, а светот ритмички и хармонски“, вели Лумановски за музичкиот стил на бендот.

Во рамките на оваа турнеја претходеа концерти во повеќе земји од светот.

Во големата сала на Центарот за култура, освен Исмаил Лумановски ќе настапат Тамер Пинарбаси, Панајотис Андреас, Енгин Гунајдин и Џејсон Линднер.

New York Times за Исмаил Лумановски напишале „брилијантен и бестрашен и млад кларинетист“, додека пак во „Song lines“ меѓудругото наведуваат -Одличен млад бенд предводен од огнениот македонски кларинетист Исмаил Лумановски со прекрасниот Тамер Пинарбаси на канун.

Концертот е со почеток од 20 часот.

Без коментари

LEAVE A REPLY