Незаборавен концерт на Галија во Битола

0
1742

Во Битола по трет пат, српската група Галија повторно ги собра на едно место љубителите на добриот музички звук.
Во срцето на градот, неколку часови траеше концертот на кој присутните заедно со членовите на бендот ги пееја култните хитови: Додирни ме, Можда сам луд, Старе трубе и многу други.
– Битолската публика е публика со истанчен вкус, точно знае што сака да слуша, информирана е за секоја новост поврзана ете конкретно за музичката сцена, така што вистинско е задоволството да се настапува пред неа- истакна Ненад Милосављевиќ Неша во ексклузивното интервју за Тера телевизија.
Галија на сцена се 41 година. Период исполнет со многубројни концерти, албуми, хитови кои ги знаат сите генерации.
– Нашите песни се дела кои преживеале едно време. Тие се како наши деца, кога ќе пораснат се разделуваат од родителите, се осамостојуваат, а во овој случај од авторот. Потоа само патуваат низ времето, да ја раскажат приказната за нивното создавање- вели Неша и додава- човек треба да биде доволно храбар и да верува во она што го прави.
Милосављевиќ е автор и на музиката од филмот Зона Замфирова, а на битолската публика и вети дека повторно ќе се врати во Битола.