Незадоволствата во ДУИ биле дел од демократијата

0
273

Вицепремиерот за имплементација на Охридскиот договор, Муса Џафери, не сака да ги коментира последните обвинувања на неговиот сопартиец Рафиз Алити, за непочитување на партиските закони за одлуките на партиските ограноци.

Џафери телефонски за Алсат изјави дека не гледа потребно да ги коментира таквите обвинувања, бидејќи за тоа треба да се добие ставот на партијата. Според него, тоа го покажува нивото на внатрепартиската демократија. На исто мислење се и од Секретаријатот за информирање на ДУИ, од каде истакнаа дека кон оваа внатрепартиска дебата не треба да се гледа како кон раскол, туку како почитување на индивидуалните ставови на секој член.

За незадоволствата во ДУИ еден ден претходно се изјаснија и пратениците Рафис Алити и Зуљфи Адили кои додадоа дека запоставувањето на одлуките на партиските ограноци од страна на подредени индивидуи може да доведе до ескалација или повторување на случајот од Куманово.

„Во таа насока има големи незадоволства во огранокот во Сарај. Овие незадоволства не се од денеска, тие се од претходно бидејќи вицепремиерот за имплементација на Охридскиот договор долго време ги запоставува структурите на огранокот, го запоставува партискиот орган кој барем треба да се запознае со тоа или да го даде своето мислење, независно за кого и за која позиција станува збор“, рече Рафиз Алити, пратеник на ДУИ.