Никаква опструкција од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи разрешувањето на Зврлевски

0
337

За барањето на ВМРО ДПМНЕ за прекин на расправата за разрешувањето на обвинителот Марко Зврлевски, СДСМ со реакција.

„Очигледно е дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се решени да ја кочат работата на Собранието, да ги блокираат реформите во надеж дека ќе го одложат соочувањето со правдата.

Со бесмислените паузи, нелогичните барања за одложување седници и реплицирањето помеѓу себе, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидуваат да го одложат разрешувањето на Марко Зврлевски, заштитникот на најголемиот криминал во изминатите 11 години.

Во таа насока е и денешното асупрдно барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, точката за разрешување на Зврлевски да се одложи за по локалните избори.

Тврдењето дека разрешувањето на Јавниот обвинител е незаконско е лага и уште еден очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата во Собранието и да ги закочи рефомите во судството.

Процедурата за разрешување на Зврлевски е во целост законска и транспарентна, особено што Собранието е законодавна, а не извршна власт.

Залудни се сите очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокира работата на Собранието и да ги кочи реформите што добија поддршка од мнозинството граѓани.

Никаква опструкција од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да ги спречи рефомите во судството што почнуваат со разрешувањето на Зврлевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упорно и доследно ќе опстои на највисокиот интерес и на граѓаните и на државата, а тоа е Македонија конечно да стане правна држава со независен и професионален судски систем. Граѓаните на Македонија мора да добијат професионални институции, нови работни места и повисоки плати и ниту една опструкција на ВМРО-ДПМНЕ нема го спречи тоа“ рече пратеникот Петре Шилегов.

Без коментари