Ники Ромеро и Лост Фриквенсис на „Охрид колинг“

0
519

Охрид на 1 август беше домаќин на светски реномирани ѕвезди од полето на електронската музика. Водечките светски диџеи Ники Ромеро и Лост Фриквенсис имаа настап за паметење на „Билјанини извори“ во рамките од првото издание на фестивалот „Охрид колинг“. Продолжениот илинденски викенд го преполни Охрид, кој до раните утрински часови пулсираше во ритамот на светските диџеи.

Многубројните љубители на хаус ритамот уживаа во перформансите на Лост Фреквенсис, а атмосферата дополнително се вжешти кога на сцената се појави Ники Ромеро пришто предизвика бурни овации кај многубројната публика.

Еден од најбараните диџеи на денешницата Ники Ромеро и Белгиецот Феликс де Лает, познат по уметничкото име Фриквенсис, никого не оставија рамнодушен на синоќешниот настап на „Билјанини извори“.

Фестивалот „Охрид колинг“ продолжува на 13 август со настапот на Ал ди Меола на Антички театар, а ќе заврши ден подоцна со настапот на легендарниот бенд „Продиџи“.

Организатор на „Охрид колинг“ е „Авалон продукција“.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY