Никој не смее на одмор!

0
1128

Турската влада ги укина годишните одмори за вработените во јавниот сектор на таа земја, два дена откако е задушен обидот за државен удар.

Забраната за користење на одмори ќе трае подолго.

После серијата откази во војската и полицијата, чистката на Ердоган се пресели во другите органи на власта па утрово отказ добиле 1000 вработени во Министерството за финансии.

Се претпоставува дека тука не е крајот на казнувањата.