Никол Хосп објави крај на кариерата

0
232

Австриската скијачка Никол Хосп објави дека става крај на активната кариера.„Чувствувам дека сега е вистински момент за промена во мојот живот“, рекла 31-годишната Хосп.

Од почетокот на својата кариера Хосп се натпреварувала во сите пет дисциплини, а не успеала да победи во Светскиот куп само во спуст. Иако во оваа дисциплина никогаш не победила, има бронзен медал од СП во Оре во 2007 година.

Хосп во кариерата забележала 12 победи, а првата била во 2002 на легендарниот велеслалом во Зелден кога таа победи заедно со Тина Мазе и Адрина Флемен. Тоа е првата трка во која три скијачки се искачиле на највисокото скалило на победничкиот пиедестал.

Хосп во кариерата има освоено три олимписки медали, а најголемиот успех го постигнала во 2007 година кога го освои големиот кристален глобус во Светскиот куп.

Без коментари

LEAVE A REPLY