Никола Митревски дополнително повикан во репрезентацијата

Никола Митревски дополнително повикан во репрезентацијата

0 484

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција.

По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на Младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна и Херцеговина, Червар се одлучи за 21 ракометар.

Дополнително, за подготовките во Скопје, Червар го повика голманот Никола Митревски. Конечниот список на патници на СП ќе биде познат по Божиќните празници.

Репрезентацијата на Македонија ќе продолжи со редовни тренинзи во понеделник, а трите натпревари против Босна и Херцеговина ќе се играат на 3, 4 и 5 јануари. Првиот пријателски меч ќе се одигра во СРЦ „Кале“ и ќе биде отворен за посетители, додека останатите два натпревари ќе бидат од затворен карактер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.