Никола Пројчевски ќе игра на сцената на Глоуб театарот

0
193

Во Народниот театар во Битола, се подготвуваат 3 претстави од кои 2 се во интензивни подготовки.Она што е значајно периодов е гостувањето во Санкт Петербуг со претставата- Без паника, која ја освои македонската публика на сите гостувања низ државата а воедно ја доби првата награда на фестивалот Гола месечина во Скопје.Во истата играат Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања.

Освен гостувањето во етербуг следуваат и други гостувања меѓу кои и она во Израел .

Претставата во режија на Џон Блондејл -Антониј и Клеопатра, ќе го отвори овогодинешното издание на Шекспир фестивалот.

Press_Teatar_-_4.jpg

Од останатите претстави кои се подготвуваат , едната е режија на Благој Мицевски а другата во режија на Ненад Витанов.

Паретствата The end, е по текст на Идо Нетанјаху, чии текстови се изведуваат насекаде низ светот а последната премиера по негов текст беше изведена на Бродвеј.

Актерот Никола Пројчевски покрај гостувањето во Санкт Петербург е избран да гостува во Глоуб театарот во септември оваа година.

Прв македонски актер кој ја започна оваа традиција беше Огнен Дранговски .

Press_Teatar_-_3.jpg

Оваа година, Пројчевски беше избран помеѓу 1800 актери од целиот свет кои беа пријавени на аудиците и е единствен од југоисточна Европа .

Идејата за претставата која ќе се подготвува во Глоуб, е секој од учесниците и да презентира дел од својата култура од земјата од која доаѓа.

Без паника во Петербгург ќе се одигра на 27- ми мај во последната куќа во која живеел Достоевски а која сега е театар.