Николовски ја обвини Агенцијата за развој на земјоделството за незаконско работење

0
537

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја обвини Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола за, како што рече, противзаконското работење.

Советниците од Агенцијата, изјави Николовски, оделе на терен по партиска директива и прибирале податоци од земјоделците за нивната имотна состојба.

– Директорот на Агенцијата дал писмени инструкции до советниците, надвор од законот, да одат на терен и да почнат да прибираат податоци од земјоделците за целокупната нивна имотна состојба, почнувајќи од лични контакти, телефонски броеви, што работат, што произведуваат и какви им се плановите. По налог на директорот, советниците ги прибираат и сите податоци за земјоделските производители, поврзани со апликации за земјоделски субвенции и други програми на владaта како и за земјоделска земја под закуп, рече дополнителниот заменик-министер, покажувајќи документи.