Нимиц доаѓа во Скопје до крајот на неделава

0
472

Специјалниот претставник на Обединетите нации и медијатор за разликата за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц до крајот на работнава недела доаѓа во Скопје,  дознава јавниот сервис од извори во Вашингтон.

Нимиц ќе ја посети само земјава, а не и Атина. Предвидени се средби со државниот врв.

Тој пред неколку недели, во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата влада.