Ниските температури предизвикаа огромни штети врз овошките во Преспа

0
3321

Ниските утрински температури што пролетва по втор пат го зафатија Преспанскиот регион во голема мера нанесоа штета кај овошните насади. Според јаболкопроизводителите оштетувањата се проценуваат од 50% до 80%, во зависност од регионот во кој се наоѓаат овошните насади. Но, последниот извештај ќе го направат надлежните институции и комисии што се формираат за таа намена.

– Мразот ја направи штетата во моментот кога овошките се во нивната најсензитивна фаза, објаснува инг. агроном Дамјан Дамовски. Дали и во колкава мера заштитата со антифрост и инсценираните т.н. димени чадори ќе успее да заштити дел од овошните насади ќе покаже времето, додава Дамовски.


prespainfo.com