Нивото на Црна зголемено за 30 сантиметри

0
1137

Бурно се следи состојбата со водостојот на река Црна информираа денеска од општина Новаци . Поради обилните врнежи од дожд кои што ја зафатија Пелагонија во изминатите денови нивото на реката е зголемено за 30 сантиметри. Багерите денеска на терен, се чистеа секундарните канали.

– Цел викенд имавме врнежи од дожд заради што постојано ја следиме состојбата на терен, го следиме водостојот на река Црна, на каналите, спроведуваме нивно чистење таму каде што има потреба. Досега интервениравме со чистење на 10-тиот канал во должина од 12 км, 9-тиот канал со должина од 7 км и секундарниот канал кој минува низ селата Горно и Долно Агларци, Добромири, Новаци, Рибарци и Гнеотино а кој во летните месеци се користи за наводнување.

Се преземаат сите превентивни мерки со цел да не се повторат минатогодишните поплави кои ни се случија а имаа невидени последици, додаде  Котевски. Моментално критична била состојбата  кај мостот Гермијан – Бач.

Почвата во Пелагонија е глинеста и моментално е богата со вода и не се исклучува можноста за поплави во Пелагонија, велат експертите

– Стравот е поголем што во Србија има поплави а кај нас во наредните 20 денови се прогнозира 13 дена со врнежи при тоа температурата да биде помеѓу 0 и 13 степени при што може да дојде до поплава бидејќи температурите се ниски и нема простор за испарување, а и во претходниот период имавме врнежи и почвата е богата со вода и за многу лесно и кратко време може да настане излевање на водата од коритатата, вели Игор Златков директор на АПРЗ Битола

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на територијата на Пелагонија наврнале околу 74 литри дожд на метар квадратен, информираше Котевски .