Низ времето со Лилјана Томичиќ

0
2400

Времето во кое денес живееме го обележуваат низа продуктивни настани, процеси и промени кои ги сменија и подобрија условите за живеење на милиони луѓе. Имено, од една страна имаме бум на технолошко-техничкиот развој, голем напредок на полето на информатичката технологија. Обичниот човек доколку го натерате да направи паралела за животот некогаш и сега и придобивките кои се дел од современиот живот, без двоумење ќе ја нагласи предноста на денешниот животен стил со сите бенефити, специфики, па дури и недоследности, но сепак ќе ја потенцира разликата помеѓу живеењето пред триесетина години и денес.
Кога станува збор за Битола неизбежна е носталгија за тоа време, синтагмата на тоа време е Градот на младоста, Лилјана Томичиќ правејќи ретроспектива ни ги доловува моментите од нејзиното време, почнувајќи од тоа какво било дружењето тогаш.

– Не случајно седиме во пајтонот, првата слика кога стигнав во Битола беше впечатокот од Саат Кулата и пајтоните кои покрај Драгорот беа подредени, во нив се возеа еснафот, старите битолчани, боеми , во секој случај пајтонот беше тогашно градско такси, вели Лилјана Томичиќ

Модата во Битола отсекогаш била примарна, и токму поради тоа овој град го носи епитеот најградтски град на конзулите, а сега модата се повторува.

-Мажите битолчани носеа гравати, обавезно имаја капа, жените беа дами со тенки свилени чорапи со ластик, на високи штикли со кадифе со бисери, навистина права елитна слика, а пак во мојата младост се носевме кежуал, многу често носевме тиролки тогаш изгегоја фармерките оскудна беше облеката меѓутоа убава.

Во тоа време имало домашни сокови наместо алкохол.

– Далеку беше виното и се случуваше да провалат некоја визба и да се послужат, и од сок бевме оскудни домашни сокови со растворање имавме и се сеќавам газоза имаше со мраз со папрат, немаше опивање, иако и на Нова година се организиравме во куќи не во ресторани ние немавме можности за по кафеани меѓутоа среќни и весели бевме и со тоа.

Допир за рака и изгледан филм, беше синоним за дечко и девојка.

– Интимата беше настрана од се, во тоа време машките не повикуваја на “шц” ние се вртевме па “чикс” или “пардон” да се запознаеме?,- а ние важни му одговаравме -” не ширам познанство”. Тие беа досетки во тоа време што се користеја.

Спомените и сеќавањата можеби се добар начин да направиме паралела помеѓу она што сме биле и правеле и она што сме и правиме.

– Младината сега може се да добие практично без труд, но за нас требаше многу труд за нешто да добиеме, сепак нивото беше високо тогаш, тоа е таа компарација а најголемата добивка и најдоброто компарирање е младоста со неа ништо не се мери, вели Лилјана Томичиќ

Споменети остануваат како минато во форма која ние ја имаме употребено за да ја обликуваме и да ја оставиме таму. Неможе да чекориш низ животот а да не се сеќаваш на спомените едноставно обликувањето на иднината зависи од нив.

Без коментари