Низа активности за Денот на планетата Земја

0
1276

Во рамките на одбележување на Денот на планетата Земја, основното училиште Тодор Ангелевски со богата програма.
Учениците заедно со наставниците, сериозно ги сфаќаат еколошките проблеми и секојдневно преку низа активности, се трудат да придонесат за здрава животна средина и здрав живот.
Манифестацијата изобилуваше со повеќе пораки од учениците како и богата музичка програма.
Во рамките на програмата е и приказната ,,Trash for art”, која се одржува повеќе од 5 години .
На настанот учениците изработија повеќе макети, декорираа простори, создадоа интересни уметнички творби од амбалажен отпад .
Водени од идејата дека навистина сакаат да преуредат, да исфрлат се што не ни е потребно, да се ослободат од се она претставува вишок, да исчистат и да се пофалат со убавините на естетското, чистото, уреденото, ова основно училиште, покрај оваа, во текот на годината организира повеќе активности и настани со еко предзнак, со цел да се зголеми грижата за нашата околина.

Без коментари

LEAVE A REPLY