Ноќеска три нови земјотреси

0
1193

Во текот на ноќта и утринава имаше повеќе мали потреси.

Неколку потреси со интензитет од 2,7 до 3,4 степени според Рихтер се регистрирани по полноќ во регионот.

Последниот со јачина од 3,4 беше почувствуван во 5.17 минути со епицентар шест километри од Ресен.

Општинските власти, претставници на Институтот за земјотресно инжинерство од Скопје (ИЗИС) и на Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје синоќа одржаа координативен состанок. Целта на состанокот е договарање мерки за смиривање на вознемиреноста на Охриѓани.

Од 18 јуни до денес во охридското подрачје се регистрирани над 1000 потреси, од кои најсилниот беше вчера со магнитуда од 5 степени по Рихтер.