Ноќна атлетска трка

0
1085

Во организација на Сојузот на спортови од Битола и Сојузот на училишен спорт, како дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот – 4 ноември, на Широк Сокак во Битола, се одржа традиционалната ноќна атлетска трка.
Стартната позиција на трката беше на Камен мост, а натпреварувачите трчаа до целта на Плоштадот Магнолија.

На трката учество зедоа над 1000 учесници, ученици од основните и средните училишта, студенти и други граѓани. На 90 најдобри учесници, зависно од категоријата и освоеното место им беа доделени медали и дипломи.

Без коментари

LEAVE A REPLY