Ноќната трка во Битола привлекува се поголемо внимание

0
624
Разбудете го Форест Гамп во вашите глави, а и нозете бркаат работа – трк до целта!-вака гласеше повикот за второто издание на ноќната трка која се одржа во Битола.
Под името Трета смена- ноќно трчање за здраво и слободно постоење, се одржува овој настан  по иницијатива на неколку битолчани.
На првата трка учествуваа 30 учесници а на оваа бројот беше зголемен.
 Карактерот на трките не е натпреварувачки.
Собирно место на втората трка беше пред гимназијата “Јосип Броз Тито”.
Секој последен четврток во Битола се одржува настанот- Битола на точак, а ноќните трки ќе се одржуваат секоја прва среда во месецот како поттикнување на здравиот начин на живот.
На настанот добредојдени се сите спортисти, рекреативци, активисти.