Ноќно и дневно набљудување на дивеч на Пелистер

0
728

Изработена барака направена за ноќно и дневно набљудување на дивеч на територијата на НП Пелистер. НП Пелистер кои се членови и учесници на асоцијацијата ГЕО Балкан, која е мрежа поддржана од Национална Географија, се вклучени во проктот за стартување со авантуристички туризам

pece
-Првата е изработка на една набљудувачница барака направена за ноќно и дневно набљудување на дивеч на територијата на паркот од страната на с.Брајчино , каде што посетителите ќе имаат можност да престојуваат и да набљудуваат, да чекаат во текот на денот и ноќта , доколку пројде нешто од дивечот да можат тоа да го снимаат и да го видат зависно од опремата која ќе ја имаат, изјави Пеце Цветановски НП Пелистер

Првото набљудување се реализирало пред 15 тина дена со претставници тур-оператори на туристички  агенции од Балканот кои што во иднина треба да го развиваат авантуристичкиот туризам

baraka 2

-При првото набљудување имавме можност да видиме траги од мечка, додаде Цветановски

Во рамки на авантуристичкиот туризам предвидено е  организаторот Џеф Деф кој што е еден од предводниците на тој туризам да ја донесе и првата група на посетители , но со пристап тие да учествувале и во животот на паркот.

– Тие ќе бидат придружувани од ренџерите, и чуварите, ќе одат заедно со нив и ќе работат на заштита на живиот свет на планината, но и ќе се ангажираат во дел на работните активности на ренџерите, доде Цветановски

Во моментот се очекува да се дефинира и цената за ваквото денско и ноќно набљудување на дивеч,  секако вели Цветановски, ќе се бараат можности за да можат истото тоа да им го овозможат и на домашнитре туристи.

Без коментари

LEAVE A REPLY