Нов албум на Фолтин

0
276

Битолскиот бенд „Фолтин“, во вторник, на средба со новинарите, во 11 часот во Центарот за култура – Битола ќе го промовира новиот албум „Пијан славеј“.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат членовите на бендот, а ќе бидат објавени детали околу новиот албум „Пијан славеј“, поднасловен „Six songs of a nightingale at the grape stomp festival“. Визуелниот идентитет на албумот е дело на Масин.

Издавач на „Пијан славеј“ е Центар за Култура-Битола, каде е и снимен. Снимател: Ален Хаџи-Стефанов, соработник продуцент е Mark Purpose, микс: Костадин Камчев, Mozart Studio, Clifton, New Jersey. Текст, музика и продукција: Фолтин – Бранислав Николов – гласни и други жици, Пеце Николовски – кларинет и усна хармоника, Пеце Трајковски – дирки, Гоце Јованоски – бас, Славчо Јовев – тапани, Марјан Станиќ – удиралки, Васко Атанасовски – алто саксофон.

Без коментари

LEAVE A REPLY