Нов атентат во Турција

0
607

Автомобил-бомба експлодирал пред полициска станица во средата во курдскиот југоисточен дел на Турција, при што повредени се 30 лица, а тројца починале. Нападот се случи еден ден по смртта на 11 лица при напад во Истанбул, пренесе AFP.

Бомбашкиот напад врз полициска станица се случил во градот Мидат, кој се наоѓа на границата со Сирија. Турски медиуми ги обвинуваат за атентатот „терористите“ од Курдската работничка партија (ПКК).