Нов битолчанец во Вардар, Брдаровски потпиша со шампионот

0
149

Битолската колонија во скопски Вардар доби уште еден член. По Пачовски, Спировски и Љамчевски, нов член на шампионот е и Владица Брдаровски. Тој ќе го носи црвено-црниот дрес по напуштањето на унгарскиот Ѓер. Брдарoвски е десен бек и потпиша две години со шампионот. Тој доаѓа во Вардар од унгарски Ѓер, а е поранешен фудбалер на Работнички, Брно и на Пелистер. Во досегашната кариера има 17 настапи за македонската репрезентација до 21 година и 2 настапи за сениорскиот тим.