Нов кружен тек и споменик за Александар Турунџев

0
929

Општина Битола објави јавен повик за комплетно идејно решение за подигнување споменик на војводата Александар Турунџев.

Споменикот ќе зазема централно место во новиот кружниот тек кој ќе се гради на раскрсницата пред поранешната ветаринарна станица, во непосредна близина на Ат-пазар, местото каде Турунџев во 1905 година бил осуден на смрт со јавно бесење.

На објавениот конкурс може да се пријават и учествуваат правни и физички лица од државата и странство. Пресметковната вредност на спомен-обележјето не може да биде поголема од 1,5 милиони денари.

По завршувањето на јавниот повик, одборот за подигнување на спомен-обележје ќе додели три парични награди од 30.000, 20.000 и 10.000 денари.

Советот на Општина Битола одлуката за подигање на спомен обележје на Турунџев ја донесе уште во јули 2015 година.

На Алексанадар Турунџев во Август минатата година беше посветена и книгата Македонски патриот која Македонското патриотско здружение „Тодор Александров“ ја издаде по повод 110 годишнината од смртта на Турунџев.

Ова ќе биде прв кружен тек во Битола кој ќе биде локација на спомен обележје на историска личност.

Без коментари

LEAVE A REPLY