Нов кружен тек во Битола?

0
1678

 

Уште еден подготвителен проект, онака како што ни одговорија и кога прашавме за уривањето на фонтаната кај музејот во Битола.

Откако почнаа да се острануваат гаражите во близина на ветеринарната станица, гледачи со прашање до нас, што ќе се прави на оваа локација и дали било вистина дека се подготвува теренот за кружен тек.

Неофицијално сопствениците на гаражите добиле рок до кога треба да ги отстранат. Се споменува 1 септемврим.

Според дел од жителите на оваа улица, гаражите своевремено биле поставени на дворно место, односно заеднички простор на станарите од згардите за кое земјиште велат дека поседувале имотен лист кој ние не го видовме

 

garaza 1Од општина Битола потврдуваат дека нешто ќе се работи на оваа локација, но што и како ќе се прави сега не кажуваат.

Велат се работи подготвителен проект за проектот кој ќе следува.

А во мегувреме до општината ги доставивме следните прашања

Каков е статусот на приватните гаражи,најчесто лоцирани покрај стамбените згради?

Дали се подигнати со соодветни дозволи?

Ако не се во каква категорија на диви објекти се класифицираат?

Какви акции презела Општината да направи список на такви објекти?

Ако се регулирани со дозволи какви даноци се плаќаат кон Општината?

Постојат гаражи направени од алуминиум и други лесни материјали, но постојат и ѕидани гаражи особено кај стари згради во Тријаголникот, наводно тие се купувани заедно со становите. Дали имате информации за ова?

garaza 3
Ова ќе биде следната тема со која ќе се занимавме во наредниот период.