Нов мост на реката Драгор

0
1183

Зошто уште еден мост во долниот дел на градот? Колку ќе чини мостот? Каков ќе биде? До кога ќе се гради? Од што материјал ќе се гради и кога ќе зачекорат главно жителите од Јенимале на него? Сето ова го прашавме денеска во општина Битола .Од таму рекоа на специјална конференција ќе ги соопштиме деталите.

MOST2

Веќе неколку дена се работи на долниот дел на реката Драгор, поточно во населбата Јени мале.Се подготвува теренот и жителите велат дека не ќе морале да слегуваат до дрвениот мост кај кланицата, или тој малку подолу железничкиот, или да одат обратно ,малку погоре до Сали мостот. Велат дека ќе им биде полесно оваа делница да ја поминуваат на четири различни моста : дрвениот, железниот, новиот и Сали мостот

На почетокот од годинава општина Битола го редизајнира мостот на реката Драгор под Безистенот а вкупната инвестиција на проектот изнесуваше 2,6 милиони денари.Во рамките на проектот „Реконструкција и редизајнирање на мостовите“, извршена беше реконструкција и уредување на мостот кај гимназијата Јосип Броз Тито, музичкото училиште и дрвеното мовче, новиот мост – кружен тек кај Црн мост, редизајниран беше стариот мост на истото место и направен е пешачки мост. Во овие 2,6 милиони денари спаѓаат и изградбата на мостови кај Јенимале и Карпош, барем така тогаш најави градоначалникот Талески .