Нов началник на СВР Битола е Славко Јовановски

0
4546

Познати се имињата на новите началници кои ќе ги предводат Секторите за внатрешни работи. Неофицијално началник на СВР Скопје ќе биде Тони Јакимовски, а во останатите Сектори за внатрешни работи началници ќе бидат истите кадри кои беа и во претходниот мандат на Спасовски.

Така во СВР Куманово началник Стојанче Величковиќ, на СВР Охрид – Сашо Смилевски, Злате Јаневски ќе го води СВР Велес, на СВР Штип е назначен Љупчо Трајковски и во СВР Битола  Славко Јовановски.