Нов напад во Белгија

0
467

Напаѓачот кој во валонскиот град Шарлероа во саботата попладнето со мачета повреди две полицајки, им подлегнал на повредите здобиени кога трет полицаец пукал во него.

Според соопштението на полицијата на Шарлероа, напаѓачот вооружен со мачета и со извици „Алаху Акбар“ (Господ е голем), ги нападнал двете униформирани полициски службенички пред главната полициската станица во Шарлероа.

Една од ранетите полицајки е хоспитализирана со длабоки рана на лицето, додека нејзината колешка е полесно повредена. Напаѓачот кој беше застрелан на самото место на нападот, беше пренесен во болница каде што починал. Неговиот идентитет и мотивите за нападот засега не се утврдени.

Нападот жестоко го осуди белгискиот премиер Шарл Мишел. Тој ќе го прекине престојот во странство и во недела во Брисел ќе одржи состанок со челниците на безбедносните служби.

Голем безбедносен обрач е воспоставен околу местото на нападот во градот кој се наоѓа на 50 километри јужно од белгиската престолнина Брисел, а полициските сили остануваат на местото на нападот.

Специјалната белгиска единица за анализа на заканите (OCAM) ја оценува ситуацијата, изјави министерот за внатрешни работи Јан Јамбон.

ОСАМ ја прави оцената на нивото на терористичка закана во Белгија, каде што од 24-ти мар на сила е зголеменото ниво на терористичка закана на трето од четирите нивоа. Четвртото ниво беше воведено на денот на координираните терористички напади на аеродромот и метрото во Брисел на 22-ри март, а по два дена беше намалено на трето ниво кое претпоставува „можна и веројатна“ опасност од терористички напад./крај/мф/сн