Нов оружен напад во ноќен клуб во Флорида

0
401

Две лица загинаа, а 16 се повредени во оружен напад во ноќен клуб во американскиот град Форт Маерс во Флорида, според информации од тамошната полиција, кои ги објавија светските медиуми.

Еден осомничен веќе е во притвор, по нападот кој се случил во текот на приватна забава која ја организирале тинејџери.

Ова е нов напад во ноќен клуб во Флорида, откако 49 лица загинаа, а 53 беа ранети, во Орландо на 12 јуни.