Нов протест пред Уставниот суд

0
705

По донесувањето на одлуката за преиспитување на уставноста на помилувањата, денеска се одржа нов протест на граѓаните на платото пред Уставниот суд. Главната порака на демонстрантите е: „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд”. Тие бараат оставка од петте уставни судии кои гласаа за контроверзната одлука.

За граѓаните нема никаква дилема дека судиите наместо да го штитат Уставот, ја штитат актуелната власт. Високи функционери во власта од Специјалното јавно обвинителство се осомничени за изборни нерегуларности.

Ако прифатената иницијатива ја помине и втората фаза во Уставниот суд, тогаш претседателот на државата ќе може да помилува и осудени за изборен криминал, за силување деца или за продавање дрога.