Нов сообраќаен режим во центарот на Битола

0
3137

Општина Битола заврши со реализацијата на проектот за промена на режимот на сообраќај во централното градско јадро, согласно основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај во централното градско јадро.

Сообраќајните знаци се поставени и воспоставен е режим на сообраќај согласно предвидениот проект за кој неодамна информиравме, а деталите се достапни и на веб страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk.


Од општината напоенуваат дека  на улицата Кузман Јосифовски, заради изведување на градежни активности – реконструкција на комплетна инфраструктура, воспоставен е времен режим на сообраќај, согласно поставената сигнализација.

•    Ул. Славко Лумбарко – потег од пресек со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Стерјо Ѓорѓиев.
Двосмерна од спој со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Славко Лумбарко.
Едносмерна од спој со ул. Јорго Османо до пресек со ул. Стерјо Ѓорѓиев (насока на движење од  ул. Јорго Османо кон ул. Стерјо Ѓорѓиев).

•    Ул. Јорго Османо – потег од пресек со ул. Цар Самоил до пресек со ул. Београдска.
Едносмерна од спој со ул. Цар Самоил до пресек со ул. 11-ти Октомври (насока на движење од ул. Цар Самоил кон ул. 11-ти Октомври).
Едносмерна од спој со ул. Јорго Османо (кај Градскиот Часовник) до пресек со ул. Славко Лумбарко (насока на движење од ул. Јорго Османо (кај Градскиот Часовник) кон ул. Славко Лумбарко).
Едносмерна од спој со ул. Београдска до пресек со ул. Славко Лумбарко (насока на движење од ул. Београдска кон ул. Славко Лумбарко).

•    Ул.11-ти Октомври – потег од пресек со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Широк Сокак.
Едносмерна од спој со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Широк Сокак (насока на движење од ул. Кирил и Методиј кон ул. Широк Сокак.

•    Ул. Кирил и Методиј – потег од пресек со ул. Пеце Матичевски до пресек со ул. Широк Сокак.
Едносмерна од спој со ул. Пеце Матичевски до пресек со ул. Београдска (насока на движење од ул. Пеце Матичевски кон пресек со ул. Београдска).
Двосмерна од спој со ул. Београдска до пресек со ул. Славко Лумбарко.
Едносмерна од спој со ул. Славко Лумбарко до пресек со ул. 11-ти Октомври (насока на движење од ул. Славко Лумбарко кон ул. 11-ти Октомври).
Пешачка улица од спој со ул. 11-ти Октомври до пресек со ул. Широк Сокак.

•    Ул. Виенска – потег од пресек со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Широк Сокак.
Едносмерна од спој со ул. Широк Сокак до пресек со ул. Кирил и Методиј (насока на движење од ул. Широк Сокак кон ул. Кирил и Методиј).

•    Ул. Београдска – потег од пресек со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Кузман Јосифовски.
Едносмерна од спој со ул. Кирил и Методиј до пресек со ул. Јорго Османо (насока на движење од ул. Кирил и Методиј кон пресек со ул. Јорго Османо).
Двосмерна од спој со ул. Јорго Османо до пресек со ул. Кочо Десано.
Едносмерна од спој со ул. Кочо Десано до пресек со ул. Кузман Јосифовски (насока на движење од ул. Кузман Јосифовски кон пресек со ул. Кочо Десано).

•    Ул. Кочо Десано – потег од пресек со ул. Београдска до пресек со ул. Кузман Јосифовски и од пресек со ул. Кузман Јосифовски до пресек со ул. Цар Самоил.
Едносмерна од спој со ул. Београдска до пресек со ул. Кочо Десано – потег од пресек со ул. Кузман Јосифовски до пресек со ул. Цар Самoил (насока на движење од ул. Београдска кон пресек со ул. Кочо Десано).
Двосмерна од спој со ул. Кузман Јосифовски до пресек со ул. Цар Самoил.

•    Ул. Кузман Јосифовски – потег од пресек со ул. Стево Патако до пресек со со ул. Цар Самoил
двосмерна од пресек со ул. Стево Патако до пресек со со ул. Цар Самoил.

•    Ул. Пеце Матически – потег од пресек со ул. Климент Охридски до пресек со ул. Кузман Јосифовски.
Двосмерна од спој со ул. Климент Охридски до пресек со ул. Стево Патако.
Едносмерна од спој со ул. Стево Патако до пресек со ул. Кузман Јосифовски (насока на движење од пресек со ул. Стево Патако кон пресек со ул. Кузман Јосифовски).

•    Ул. Стево Патако – потег од пресек со ул. Кузман Јосифовски до пресек со ул. Пеце Матичевски.
Едносмерна од спој со ул. Кузман Јосифовски до пресек со ул. Пеце Матичевски (насока на движење од пресек со ул. Кузман Јосифовски кон пресек со ул. Пеце Матичевски).

•    Ул. Стив Наумов – потег од пресек со ул. Стево Патако до пресек со ул. Климент Охридски.
Двосмерна од спој со ул. Климент Охридски до пресек со ул. Стево Патако.

•    Ул. Широк Сокак – потег од ул. Булевар 1-ви Мај до пресек со ул. Пеце Матичевски и ул. Димитар Илиевски-Мурато (Пешачка улица).
Пешачка Улица од спој ул. Пеце Матичевски и ул. Димитар Илиевски-Мурато до спој со ул. 11-ти Октомври.
Едносмерна од спој со ул. 11-ти Октомври до пресек со ул. Булевар 1-ви Мај (насока на движење од пресек со ул. 11-ти Октомври кон пресек со ул. Булевар 1-ви Мај).