Нов терористички напад во Истанбул

0
606

Во експлозија што се случи во комбе што превезуваше студенти во Истанбул повредени се седум лица, јави турската државна агенција Анадолија.

Се наведува дека експлозијата се случила додека возилото, кое припаѓало на неименуван приватен универзитет, се движело по улица во азискиот дел од градот.

Полицијата покрена истрага и верува дека големата штета на комбето сугерира дека причината е рачно направен експлозив.

Истанбул е честа мета на терористички напади од минатата година