Нов циклус на Металманиа на Тера телевизија

0
811

Од оваа сезона на Тера телевизија , повторно започнува со емитување емисијата посветена на музиката, Металманиа, на авторот и водител Агим Џело.
После краток период на пауза, вљубениците во добриот рок и метал звук, повторно ќе се дружат со музички бендови и изведувачи преку оваа емисија.
Агим ќе пренесе и впечатоци на дел од концертите кои ги посети изминатиов период меѓу кој и оној на Апокалиптика кој се одржа во Скопје, а на кој концерт оваа група приреди специјално изненадување за публиката, свирејќи ја македонската химна.
Повеќе за овој но и другите концерти, во првото издание од новиот циклус на Металманиа во недела од 21.30.