Нов вооружен инцидент во САД

0
389

Непознато лице отвори оган во Балтимор кон мала група, која протестираше против насилството на улиците. Повредени се четири жени и еден маж, пренесе АП. Според информациите ниту еден од повредените не е во критична состојба.

Во самиот протест учествувале едвај дваесетина лица, посочуваат од полицијата на градот, кој се наоѓа на час од главниот град на САД. За момент не се утврдени ниту мотивите, ниту осомничени за пукањето. Протестите се спровеле поради убиениот 24-годишен Афроамериканец во неделата во Балтимор и бил организиран од неговите блиски.