Нов Зеланд во тага поради трагичната смрт на рагби легендата Колинс

0
157

Еден од најдобрите рагби играчи на сите времиња, Новозеланѓанецот Џери Колинс, го загубил животот во сообраќајна несреќа во јужна Франција. Покрај Колинс (34) во сообраќајната несреќа загинала и неговата сопруга Алана Мадил, додека во критична состојба се наоѓа нивната двемесечна ќерка Ајл, која е пренесена во болницата во Монпелје.

Како што јави Midi Libre, трагичната несреќа се случила околу 4:30 часот кога Колинс, од засега неутврдени причини, го сопрел својот автомобил на кој потоа налетал автобус.

Шокираниот возач на автобусот ја извлекол двемесечната ќерка на Колинс од оштетениот автомобил.

Џери Колинс 48 пати играл за рагби репрезентацијата на Нов Зеланд, бил и нејзин капитен, а во 2008 година се повлекол од националниот тим. Оваа сезона која требаше да биде последна во неговата кариера ја минуваше во францускиот Нарбон.