Нов земјотрес од 3,9 степени по Рихтер го потресе Охрид

0
1304

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот и 31 минути.

Земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 11 километри северо-западно од Ресен и на 8 километри источно од Косел.

По овој земјотрес регистиран е нов во 21:57 минути со јачина од 2,5 степени.

Во 22:52 минути е регистриран нов потрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Претходно во 17:10 минути имаше потрес со мгнитуда од 3,1 степен.