Нов земјотрес во охридскиот регион

0
649

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 34 минути регистрира земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје. Неговиот епицентар се наоѓа на 10 км западно од Охрид.

Земјотресот беше почувствуван од населението во Охрид и Ресен со интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала