Нов земјотрес во Скопје со јачина од 2,3 по Рихтер

0
369

Денеска напладне скопјани почуствуваа уште еден земјотрес по серијата од 10 земјотреси кои се случија вчера, со јачина од 2,3 степени според Рихтер. Земјотресот беше благ и краток а епицентарот е 5 километри оддалечен од Арачиново и Црешево, на длабочина од 1 километар.

Најсилен земјотрес од вчерашната серија беше оној во 15:10 со јачина од 5.3 степени по Рихтеровата скала.

Утрово во Западна Турција во 09:40 бил почуствуван земјотрес со јачина од 4,6 рихтерови степени.

Без коментари

LEAVE A REPLY