Нова атракција, но и опасност?

0
2475

Во напуштениот рудник кој се наоѓа над селото Беловодица, Прилепско, се појави вештачко езеро со тиркизна боја и длабочина од 20-30 метри, до кое што води 5 километарски земјен пат и кое преставува главна туристичка атракција за посетителите од тој крај на Македонија.

_JUV2999

_JUV2980

Според локалните жители тука доаѓаат посетители дури и од Скопје. Според белата боја на мермерните блокови и тиркизната боја на водата неодоливо потсетува на турската туристичка атракција Памуккале. Оваа прошетка ја правиме низ фотографиите на Димитар Петковски за порталот МКД. мк.
_JUV3007

Прилепското “Памук Кале” како што популарно се нарекува месетото, го привлече вниманието и на неколку нуркачи, кои во текот на вчерашниот ден констатираа дека длабочината на езерото е 15 метри.
Освен оние кои доаѓаат и ја почитуваат природата, сакајќи ова место да остане чисто, достапно и да не се предизвика проблем, поради кој ќе биде забрането, има и такви кои доаѓаат и ја предизвикуваат природата, правејќи различни егзибиции на мермерните етажи.
Поранешните вработени во рудникот за мермер Беловодица предупредуваат, дека не е познато колкава е стабилноста на огромните мермерни блокови кои се издигаат над езерото, па реагираат по социјалните мрежи на ваквото однесување на поединци.

_JUV3036

_JUV3203

_JUV3198

_JUV3182

_JUV3162

_JUV3161

_JUV3160

_JUV3159

_JUV3156

_JUV3110

_JUV3100

_JUV3094

_JUV3064

_JUV30331

_JUV3033