Нова битолска продукција за промоција на битолските изведувачи

0
1403

Под мотото -Многу е убаво кога светот го носиш прво дома, денес во Битола во ноќниот клуб Позитив, официјално ќе биде претставен проектот Бруклин на О2 продукција.
На денешната прес конференција беа соопштени сите детали поврзани со новата музичка продукција, која има за цел промоција на битолските артисти, создавање на авторски материјал и многу повеќе.
Проектот Бруклин, е првиот проект на оваа продукција кој ќе биде промовиран во цела Македонија.

Музичарите истакнуваат дека формирањето на една ваква продукција , на која седиштето е во Битола, е од особено значење за нивна промоција.
Со оваа продукција соработуваат и танчерите Борис Тасковски и Мартин Атанасовски, како и Dare to dance од Битола.

Позитивна енергија, љубов, урбана музика, шоу од светски рамки, визуелни ефекти, спектакл, ќе бидат дел од Бруклин проектот, денес во Позитив.