Нова блокада на автопатот Солун-Гевгелија

0
474

Бегалците од Идомени започнаа нов протест и блокада на автопатот Солун-Евзони кон македонско-грчката граница, јавува грчката телевизија Мега. Според Мега околу 500 бегалци се распоредени на двете страни на автопатот и покрај сите мали патчиња кои водат кон границата кон Макдонија со цел да не дозволат пристап на возилата. Изутринава немало проблеми и македонските граѓани кои патуваат кон Солун слободно поминале, но во моментов автопатот е блокиран.

Седнати на автопатот бегалците скандираат со барање да се отвори гранциата за да си заминат од кампот кај Идомени, каде повеќе од еден месец живеат во очајни, нехигиенски услови.

Над 800 мигранти побегнале вчера од центарот за бегалци на грчкиот остров Хиос, јавуваат грчките медиуми. Најголем дел одлуѓето што побегнале доаѓаат од Сирија. Дел од медиумите јавуваат дека мигрантите направиле дупка на оградата од центарот, преку која успеале да побегнат и се упатиле кон најголемото населено место на Хиос, при што биле следени од грчката полиција.

Според договорот меѓу ЕУ и Турција за решавање на мигрантската криза, бегалските кампови на грчките острови Лезбос, Лерос, Самос и Хиос се прогласени за објекти од „затворен тип“.